Многумина од нас сонуваат за тоа да се излежуваат во кревет цел ден, секој ден, и за тоа да бидат платени.
Се утврди дека НАСА нашите соништа сега ги претвора во реалност. Неколку среќни кандидати ќе бидат платени непристојно со висока сума пари, само да се излежуваат во кревет цел ден.
НАСА во моментот е во потрага по кандидати што ќе учествуваат во студиите за излежување во кревет, во кои учесниците ќе треба да останат во кревет 70 дена.
Експериментот се состои од две категории: вежбање и невежбање.
Групите што вежбаат може да користат посебни алатки кои ќе им помогнат да останат активни додека лежат во креветот, а групите што не вежбаат мора да останат во состојба на мирување цело време.
За време на студиите се работи на тестови на коските, мускулите и срцето, како и тестирање на крвотокот, нервниот систем и способноста на телото да се бори со инфекциите.