Работи што астронаутите не смее да ги прават во вселената

By

На Земјата нашето тело ги извршува сите функции за кои најчесто не размислуваме. Кога нешто ќе нѐ скокотка во носот, ние киваме. Кога ќе почувствуваме потреба, одиме во тоалет. А често по јадењето, без разлика дали го признаваме тоа или не, понекогаш знаеме да подждригнеме.

dobivaj vesti na viber

Дали знаете дека сите тие активности во вселената може да бидат проблематични?

Астронаутите што престојуваат на Меѓународната вселенска станица мора да научат како да извршуваат нужда во вселената, каде нема гравитација, но и како да киваат. Може и да испуштаат гасови, но тоа не е пријатна ситуација затоа што нема прозорец и мирисот останува долго време присутен.

Ситуацијата со ждригањето е уште понепријатна. Американскиот астронаут Кирс Хадфилд има прилично јасно објаснување зошто астронаутите во вселената не смее да ждригаат.

„Не можете да ждригате во вселената затоа што воздухот, храната и течностите во важиот желудник патуваат заедно како голем балон. Ако ждригнете, всушност го враќате воздухот во устата. Па погодете каде тој заробен воздух заминува?“, напишал Хадфилд.

Накусо, ако астронаутите или кој било друг се обиде да ждригне во вселената, тоа ќе се претвори во повраќаница на полусварената храна и желудочната киселина. Таа наместо да падне на подот или да се залепи на ѕидот, лебди во воздухот. Освен што ќе предизвика згрозување кај сите, може и да предизвика технички проблеми ако случајно ги допре чувствителните инструменти што се наоѓаат на Меѓународната станица. Треба ли да се опишува маката за чистењето на такво нешто?

Ќе ви се допадне