Ракитиќ: И со Русија сопругата ми рече дека јас ќе бидам клучниот играч

Играчот од средниот ред на хрватската репрезентација, Иван Ракитиќ, беше клучниот човек што ги изведе последните пенали против Данска и Русија во осмина и четврт-финалето на Светското првенство. Тој беше човекот што успеа да ги совлада Шмајхел и Акинфеев и да остане смирен во последните клучни моменти за „коцкестите“.

Голманот на една, топката на друга страна. Така беше и со Шмајхел, така беше и со Акинфеев. Во пресрет на мечот против Данска сопругата Ракел му рекла дека Хрватска ќе победи и дека тој ќе биде играчот на мечевите.

„Истото ми го рече и во пресрет на Русија. Дека јас ќе бидам човекот на одлука. Само ми рече дека ќе победиме со 2:1. Малку тука погреши. Но, беше блиску. Ми рече дека мечот ќе биде тежок. Фала богу, на крајот сѐ добро  заврши.

Погоди исто како против Данска. До милиметар. Половина хрватски навивачи на стадионот не можеа да гледаат. Ги склопија рацете и ги покрија лицата. Дури ни неколку играчи на клупата не можеа да гледаат. Но, кога Ракитиќ ја зема топката, како од шега погоди за голема победа.

„Па што можев да направам? Важно сѐ мина добро. Веднаш одлучив да шутирам како против Данска. Но, како да оваа генерација може да победи на едноставен начин, како да мора да биде нешто над тоа, да мораме да се бориме до последната минута.

Двапати по 120 минути пекол, трилер. И нѐ чуди што играчите едвај стојат на нозе.

„Баш зборував со пријателите, соиграчи, поранешни играчи. Половина од нив веќе се подготвуваат за новата сезона, а ние уште ја играме старата. Немаме ни завршено. Не знам ни колку мечеви одиграв оваа сезона. Веројатно, над 60. Но, нема ништо поубаво од полуфинале на Светското првенство во дресот на саканата репрезентација. Кога е така, тогаш собирате сили, ги вадите од некаде иако ги немате. Сите сме уморни, но сакаме овој момент да трае колку е можно повеќе“, вели Ракитиќ.

Сигурно симна и некој килограм?

„Сигурно шест“, одговорил Ракитиќ пред новинарите.

Ќе го извадите и тој последен атом за Англија?

„Се разбира. Не се плашиме, нема да застанеме во полуфиналето, без грижи“, завршил Ракитиќ.

 

 

Scroll to Top