Шпанија ја потресе голем скандал. 50 меча од втората и третата лига се наоѓаат под истрага поради сомнение дека биле наместени!
Во прашање се мечеви што се одиграни во сезоната 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018, а на кои предупреди „Федербет“. Инаку, „Федербет“ е непрофитна организација под капата на УЕФА, која се занимава со спречување илегално обложување, кое подразбира и местење на мечевите.
Она што секако боде очи е тоа дека меѓу обвинетите клубови се и „Реал Мадрид“ и „Барселона“. Поточно, вторите тимови од шпанските великани, „Реал Кастиља“ и „Барселона Б“!
Шпанските медиуми пренесоа дека полицијата во понеделникот веќе извршила опсежна акција и привела дури 28 лица. Исто така, медиумите пренесуваат дека „Федербет“ долго соработувала со шпанските органи на властите откога забележала голем број неправилности во азиските обложувачници.
„Проблемот со местењето на мечевите во сите држави е голем. Во Шпанија најмногу се местат фудбалските и тениските мечеви. Кога ќе кажеме фудбал, мислиме на втора и трета лига. Сè почнало во декември 2015 година на мечот меѓу „Патерн“ и „Кастељон“. Оттогаш голем број нелогичности почнале да се јавуваат и да се случуваат речиси секој викенд“, изјавил Франческо Баранка, директор на „Федербет“, и продолжил да го објаснува начинот на кој ги фаќаат сторителите.
„Имаме алгоритам направен на универзитетот во Лугано, кој дава неверојатно резултати. Класичен пример за некој наместен меч е тоа кога квотата на головите при резултат 0:0 ќе почне да паѓа. Зар не е логино да расте како што времето на мечот одминува?
Еве ги и мечевите што се под сомнение: