Редок вид мајмун првпат забележан после 80 години

Мистериозен амазонски мајмун е забележан во дивина првпат во последниве 80 години.

Мајмунот ванзолини саки е познат по долгите црни влакна и „златните“ нозе. Првпат во дивина е забележан во 1936 година, а тим истражувачи што се нашол во бразилските прашуми во 1956 година наоѓал само мртви примероци од овој вид мајмуни.

Д-р Лаура Марш, директорка на институтот „Глобал конзервејшн“, е првата која во последните 80 години го видела овој вид мајмун.

Scroll to Top