„Рибља чорба“ со концерт во Скопје, прв на Авалон по девет месеци

By

На 27 јуни на платото пред А1 арена во Скопје концерт ќе одржи „Рибља чорба“. Организаторот Авалон продукција вели дека ова е нивни прв концерт во 2021 година, девет месеци откако во Скопје гостуваше Бајага.

„Со доза на измешани чувства, задоволство и мала трема (што е многу чудно за луѓе што имаат направено толкав број концерти), ви го најавуваме нашиот следен концертен проект. Судбината сакаше девет месеци од нашиот последен одржан концерт, на Бајага и Инструктори лани во септември, првиот нареден концерт да биде со бендот во кој Бајага порасна и се изгради себеси како артист. Рибља Чорба, сигурно е еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња“, велат од Авалон.

Тие не го кријат задоволството што во Македонија конечно повторно ќе се одржи голем концерт. За фановите, тие со најавата за концертот, ја пренесоа и изјавата на пејачот на бендот, Бора Ѓорѓевиќ, кој вели дека едвај чека да почне да пее, оти ова ќе биде нивни прв настап по долго време.

„Мило ни е што концертната сезона ќе ја отвориме во Скопје. Секогаш сме се радувале на свирките во Македонија, особено што Македонците знаат што е добар рокенрол, имаат слух и пеат како славеj. Тажни сме што короната го зеде Миша Алексиќ, но неговиот дух ќе биде со нас на 27 јуни во Скопје“, рече легендарниот музичар.

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Oreshura (https://gogoanime.be/m/4MN) Episode 13

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Tanoshii Muumin Ikka (Dub) Episode 78

https://animeheaven.pro boruto anime heaven. Blackfox (https://animeheaven.pro/m/kEX3) Episode Full

AnimeFreak Sites Google: https://sites.google.com/view/animefreak-official/home