Рик Еделман: Не чекајте пензија на 60 години, во иднина ќе работиме до 100 години

Директорот на една од водечките компании за финансиско советување, „Еделман фајненшл сервисес“, Рик Еделман, тврди дека во иднина човекот првата пензија ќе ја добие на 100 години, наместо на 60 како што е случај сега во некои земји. Тој изнесе своја теорија и е убден дека ќе се изгуби досегашниот концепт на пензионирање кој е иновација на 20 век.
„Ваквиот концепт на пензионирање беше случај во 20 век, но не и во 19, а нема да го има ниту во 21 век“, вели Еделман. Рик смета дека животниот век на човекот е продолжен за неколку години и дека за разлика од претходно сега живееме и до 120 години.
„За очекување е животниот век да продолжи и во иднина ќе живееме до 110 или 120 година. Оттука нема да биде одржлива идејата за одење во пензија на 65 години. Ако живееме 120 години, не е можно да одиме во пензија на 65 години. Едноставно нема да биде возможно 50 или 60 години човек да не работи ништо“, вели Еделмен.
Тој смета дека наскоро повеќе нема да го има класичниот редослед на случувањата: се раѓаме, одиме на училиште, работиме, одиме во пензија и умираме. Тој смета дека на овој концепт му се гледа крајот.
Но, новиот концепт не е така страшен како што звучи, смета Еделмен. Тој објаснува дека во иднина луѓето ќе сакаат да работат и дека новите професии нема да бидат толку напорни и исцрпувачки како во минатото. Работното време ќе биде драстично скратено и нема да работите по 40 или 50 часа како сега.
„Парите ќе се заработуваат полесно благодарение на силната и здрава економија, кратките договори, работата преку интернет и слично. Едноставно ќе обожавате да работите. Ќе бидете и доволно здрави и силни за да работите. Можеби ќе имате 100 години, но ќе се чувствувате како да имате 40 или 50 години“, вели Еделмен.
Scroll to Top