Родено бебе со две глави, а едно тело

Во Индонезија е родено бебе со две лица и два мозока, но само со едно тело. Станува збор за сијамски близнаци, односно близнаци кои меѓусебно сраснале со еден дел на телото. Такви случаи се ретки, еден на 250.000 породувања, а близнаците можат да бидат споени со градниот кош, черепот или делови од грбот. Во овој слуачј, на вториот близнак не му се развило телото. Двомесечното бебе, Гиланг Андик од градот Батам во Индонезија, страда и од хидроцефалус, состојба во која во мозокот на детето се собира течност, пишува „Дејли мејл“.

Во зависност од сраснувањето на внатрешните органи сијамските близнаци можат хируршки да се одвојат. Но кај  Гијанг операцијата би подразбирала отстранување на делови од черепот, еден мозок и лице. Шансите детето да го преживее зафатот се скоро никакви. Иако родителите бараат помош за да го спасат своето дете, локалните лекари им рекле дека не може да се оперира.

Родителите на Гијанг, мајката Ернилсари и таткото Мустафа, не знаеле за состојбата на бебето до породувањето. За време на бременоста мајката не почувствувала ништо необично ниту пак прегледите со ултразвук покажале дека нешто не е во ред со бебето.

„Лекарите само ми рекоа дека главата на бебето е голема и дека е свртен наопаку“ изјавила мајката за индонезиските медиуми.

Родителите се надеваат дека ќе најдат лекар кој ќе ги раздвои главите на детето, но дека постои и третман кој ќе ги ублажи здравствените проблеми на момчето. Хидроцефалусот се појавува ретко, но повеќето бебиња по породувањето, не преживуваат.

Scroll to Top