Џон Ланкстер е роден со Трајер Колинсовиот синдром,поточно без неколку коски на лицето, што предизвикало деформација на неговото лице.
Неговата мајка рекла дека не чувствува никаква поврзаност со тоа дете и го дала на посвојување 36 часа откако се родил.Но и покрај тешкиот почеток , Џон успеал да најде смисла во животот.
Повеќето луѓе кои страдаат од овој синдром, им се потребни над 70 операции за да изгледаат нормално, но тој не се гледа себеси така, и смета дека не му се потребни операции за да живее нормален живот.
Трпел големи малтретирања на училиште, погледи од деца и родители, а кога се вработил за прв пат во бар, сите кои го виделе му се смееле толку многу, што не можеле да ја изговорат нарачката. Кога сакал да се откаже неговиот шеф му рекол дека мора да издржи и да биде упорен, и да се врати на рабоита. Од тој ден работите за Џон почнале да се менуваат.
Најпрвин пробал да ги пронајде неговите биолошки родители, но агенцијата му предложила да не го прави тоа, па така Џон продолжил понатаму.
Тој денес е еден од најпознатитемотивациски говорник, специјализиран за работа со деца кои страдаат од истиопт синдром. Патува низ светот со надеж дека може да помогне,
-Моите родители и понатака не сакаат да ме видат, но мојот став и понатаму останува непороменет, ништ не бисменил, со вистински став може да постигнете се што сакате- вели тој.