Тригодишниот ротвајлер Ајк, кој му нанел тешки повреди на девојче во Швајцарија, нема да биде успиен и ќе му биде дозволено да остане со својот стопан Оливер Х, пренесува Blick.ch.
Малото девојче Мирјам на 6 јуни побарало од Оливер таа сама да го прошета Ајк. Во тие моменти Ајк ја нападнал и ја касал повеќе од 20 минути. Кучето на малото девојче му нанело многубројни повреди на рацете, стомакот и на бутовите.
Мирјам била спасена по интервенцијата на полицајците. Таа веднаш била префрлена во болница, каде што поминала девет дена. Лекарите со крајни маки успеале да ѝ ги санираат тешките повреди.
Властите на крајот одлучиле Ајк да остане со Оливер. По инцидентот, тој им изјавил на новинарите дека стравувал от можел да остане без кучето и дека Ајк би можел да биде успиен. Но, сега вели дека не ја крие радоста што може да го задржи својот миленик.
„Ветеринарната инспекција го провери мојот дом и следеше како изгледа прошетката со Ајк. Беше многу добар, не морав да користам маска или окулувратник“, изјавил Оливер, но вели дека сепак во минатото кучето го држел под контрола.
Тој вели дека не знае што би можело да го провоцира неговото куче на таква агресивност. За Ајк вели дека е мирно куче.
Од ветеринарната инспекција потврдиле дека донеле одлука кучето да може да остане со својот газда, но наредено му е дека постојано мора да го шета со маска и да го држи под контрола.
„На Оливер не му е дозволено да им го дава кучето на други лица на чување доколку таа личност не е доволно физички силна да го совлада кучето“, навеле од инспекцијата.