Русија може да ги прошири границите на Арктикот, научниците откриле подводен гребен

By

Научниците докажале дека подвотниот гребен на Менделеев, кој се наоѓа во централниот дел на Северниот леден океан, е продолжение на азискиот континент, што значи дека Русија во согласност со меѓународното право, може да смета на проширување на нејзините граници на својот континентален појас.

Нивниот труд е објавен во списанието „Ерт Сајенс ривју“. Геолозите од Московскиот државен универзитет во соработка со руските колеги и научници од Холандија и САД, завршија со составување на атласот на палеогеографски и палеотектонски карти на јурско-конозојската ера за арктичкиот регион.

На основа на интерпретацијата на сеизмичките податоци и примероците земени од карпите од гребенот Менделеев и од земените примероци на гребенот Ломоносов, научниците составиле сеизмичка шема од арктичкиот регион и повторно ги реконструирале сите фази од неговиот геолошки развој во последните 157 милиони години.

Научниците докажале дека морските гребени Ломоносов и Менделеев, кои се протегаат во должина од 1500 километри, од островот Врангел кон Канадскиот арктички архипелаг, е продолжение на континентот. Ова е наведено во нивното истражување.

Овој заклучок е важен не само за научниците. Факт е дека според Конвенцијата на Обединетите Нации, за морското право од 1982 година, кое Русија го ратификувало, зоните на економски интерес на земјите кои имаат излез на Северниот леден океан, опфаќа 200 морски милји од границите на територијалните води или 150 милки од границите на континенталниот појас.

Новите податоци ќе бидат достаени до Комисијата на Обединетите Нации на континенталниот појас и доколку биде одобрено, Русија ќе има можност да ги прошири границите на својата економска зона на Арктикот.

Ќе ви се допадне