Русин извлекол 30 патници од потонат тролејбус

Во 1976 година, Шаварш Карапетјан бил дел пливачка ѕвезда на СССР. Овој млад човек со потекло од Ерменија, на 23 години успеал 11 пати да го сруши светскиот рекорд и 17 пати да стане светски шампион. 13 пати бил европски шампион, а 17 пати шампион на СССР. Бил рекордер, но светот ќе го мапети како херој по неговиот потег во 1976 година, кога успеал да спаси 30 патници од потонат тројлејбус.

Неговата приказна е стара повеќе од четири децении. Звучи одамна, но неговото херојско дело никогаш не застарело.

На врвот на неговата пливачка кариера, трчал покрај акумулационото ерзеро, каде слушнал силен тресок. Тролејбус полн со патници завршил во езерото и потонал на длабочина од околу 10 метри.

Било студено и немал опрема, но Шаварш сепак се пуштил во матната вода, стигнал до возилото и со нозете го скршил прозорот. Тогаш почнал да ги вати патниците еден по еден. Со брзина од околу 35 секунди, колку што му било потребно да извлече еден патник, тој успеал да извлече 30 од 92 патници. Само дваесетина од нив преживеале.

После точно 30 нуркања и исто толку извлекувања на настраданите, тој изгубил свест поради раните кои ги добил од скршеното стакло. Се инфицирал од валканата вода.

Поради долгиот престој во ледената вода добил воспаление на белите дробови, а од загадената вода добил сепса. Во кома бил 46 дена. Кога конечно се разбудил, дознал дека на неговата пливачка кариера и дошол крај.

Кога подоцна бил запрашан, што му било најстрашно, тој одговорил:

„Знаев дека можам да нурнам, само се плашев да не погрешам. Доле беше многу мрачно и ништо не можев да видам. Еднаш место патник, извлеков седиште. Можев да спасам уште еден живот. Тоа седиште сеуште ме проговнува во сништата“, изјавил тој.

Интересно е што за овој јунак не се дознало веднаш, туку станал познат поради невниманието на шефот на полицијата, кој сликата од местото на несреќата ја држел во фиока две години. Кога јавноста конечно открила за неговиот херојски подвик, следеле еден куп принзнија, награди и медали, а од воодушевените обожаватели, добил преку 60.000 писма.

Сега, после ваквиот подвиг, Шаварш води тивок и повлечен живот. Има мала работилница за чевли во Москва. Го нарекуваат „Втор здив“. Баш како што тој им дал втора шанса за живот на точно 20 луѓе, кои го преживеале падот на тролејбусот. Тие денес живеат благодарение на неговото јунаштво.

Деценија подоцна, Шаварш повторно се нашол пред една зграда која горела. Траумата не го парализирала, напротив, влегол во зградата и почнал и од неа да ги извлекува луѓето. За време на спасувањето се здобил со големи изгореници, поради кои неколку денови морал да ги помине во болница.

 

 

 

Scroll to Top