Русите ги советуваат граѓаните како да преживеат за време на трета светска војна

Руската државна телевизија им порачала на гледачите да се подготват за трета светска војна и да си ги спакуваат основните работи. Од друга страна, и во Америка постои страв од нова војна кога во четвртокот независниот систем за предупредување за нуклеарна војна објавил предупредување за нуклеарна војна и за конфронтација меѓу Русија и САД.

Видеото гледајте го на следниот линк:

ТВ-каналот „Русија 24“, кој е во сопствеништво на Кремљ, им предложил на гледачите идеални резерви за преживување и ги советувал да спакуваат јод за да го заштитат телото од зрачење.

Извештајот на телевизијата дојде по сè поголемите тензии во односите меѓу Западот и Русија поради наводниот хемиски напад во Сирија, пишува „Мирор“.

Во извештајот се истакнува дека имало премногу западни приказни за катастрофалниот глобален конфликт, како и дека еден од водечките воени аналитичари го предупредил светот дека веќе конфликтот личи на Кубанската ракетна криза II.

„Кога пред една година изјавив дека влегуваме во нова студена војна, никој не се согласуваше со мене. Сега сите се согласија, но факт е дека работите се одвиваат многу побргу во оваа друга студена војна. Штотуку почна, а веќе имаме Кубанска ракетна криза II“, изјавил претходно воениот аналитичар Александар Голтс.

Водителот на телевизијата, Алексеј Казков, изјавил дека снабдувањето со основните продукти  оди тешко, но главно треба да се спакува што повеќе вода, а помалку слатки.

Гледачите потоа биле советувани да спакуваат и ориз, кој може да се складира до осум години, а житните јадења од три до седум години“.

Водителот изјавил дека со кознервираното месо луѓето може подолго да преживеат затоа што тоа трае до пет години, а рибата во конзерва има рок од две години.

„Руската традиција сугерира дека треба да се купат тестетнини во време на катаклизма, но оние што преживеале истакнуваат дека тие не треба да се носат во засолниште“, вели водителот.

Тој навел дека во подземниот живот не треба да се носат слатки, па затоа чоколадата и другите слатки грицки треба да се остават дома.

„Точно е дека гликозата има извонреден извор на енергија, но слатките предизвикуваат жед, а водата ќе стане најдрагоцениот ресурс за жителите во засолништата“, вели тој.

Експертот Едуард Калилов, кој се вклучил преку „Скајп“, изјавил дека колку повеќе вода се складира, толку подобро.

„Водата е потребна за готвење на храната, а таа е вистинската работа на која треба да мислите“, изјавил тој.

Калилов уште додал дека во засолништето треба да се земат и лекови, особено јод, кој му помага на телото во случај на радијација.

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НУКЛЕАРНА ВОЈНА, СТЕПЕНОТ НА РИЗИК РАСТЕ

Додека целиот свет ја чека одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да почне со воените удари врз Сирија, независниот систем за предупредување за нуклеарна војна објавил предупредување за конфронтацијата меѓу Русија и САД. Овој систем следи колку силите на САД се подготвени за одбрана, а познат е под името „Дефкон 1“ и претставува систем за предупредвање што го користела американската војска за да укаже на ризикот од нуклеарна војна.

Системот има пет нивоа на подготвеност или состојба за предупредување, кои се движат од „Дефкон 5“ – без опасност, до „Дефкон 1“ – најголема опасност.

Службеното ниво „Дефкон“ до неодамна беше 5 – најниска состојба на подготвеност.

Но, системот за предупредување „Дефкон“ е приватна известувачка група, која ги следи нуклеарните закани кон Соединетите Американски Држави од 1984 година и издадено е соопштение во кое предупредува дека во сила е „Дефкон 4“.

Во соопштението за „Дефкон“ се вели: „Неодамнешниот хемиски напад во Сирија ги стави Русија и САД во позиција за можен вооружен конфликт.

„Дефкон 4“ ја стави американската војска во состојба „над нормална подготвеност“ и подразбира „зголемување на работата на известувачките служби и засилување на безбедносните мерки“.

Повеќе за тоа можете да прочитате на следниот линк:

 

 

 

Scroll to Top