Американскиот систем за безбедност „Дефкон“ предупредува на нуклеарна војна

Додека целиот свет ја чека одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за можен удар врз Сирија, независниот систем за предупредување за нуклеарна војна објави предупредување за конфронтација меѓу Русија и САД.

Овој систем следи колку силите на САД се подготвени за одбрана, а американската војска го користела за да укаже на ризик од нуклеарна војна.

Системот има пет нивоа на подготвеност или состојба на предупредување, кои се движат од „дефкон 5“ (без опасност) до „Дефкон 1“ (најголема опасност).

Службеното ниво „дефкон“ до скоро беше 5 – најниско ниво на подготвеност.

Но, „Дефкон“ системот за предупредување, приватна известувачка група што ги следи нуклеарните закани врз Соединетите Американски Држави од 1984 година, издал соопштение во кое предупредува дека на сила е нивото 4.

Во соопштението на „Дефкон“ се вели: „Неодамнешниот хемиски напад во Сирија ги стави Русија и САД во позиција на можен вооружен конфликт. Додека сите страни се обвинуваат едни со други и си ја префрлаат вината, ние немаме можност да утврдиме кој е навистина одговорен и оваа криза речиси се развива самостојно“.

Постојат различни извештаи за тоа дека воените сили се подготвуваат за конфликт, а и Русија и Сирија веруваат дека ударот од страна на САД е неизбежен.

САД изјавиле дека мораат да преземат акција, а Русија изјавила дека агресивно ќе реагира против кој било напаѓач.

„Дефкон“ ја стави американската војска во состојба над нормалната подготвеност, што подразбира зголемување на работата на известувачките служби и зајакнување на безбедносните мерки.

Не постојат непосредни нуклеарни закани против САД, но „Дефкон“ инсистира дека настаните бараат близок мониторинг.

 

Scroll to Top