Руската ракета „Сојуз“ се спои со Меѓународната вселенска станица

Руската ракета „Сојуз“, која била лансирана во вторникот, во четвртокот била споена со „Меѓународната вселенска станица“ (МSS).

Ракетата со теретен вселенски брод, стигна со храна, гориво, вода, лекови и останати продукти неопходни за членовите на „MSS“.

Лансирана е од рускиот космодрон Бајконур, во Казахстан, а нејзиното лансирање било одложено за два дена поради грешка во компјутерите на ракетата.

Во „MSS“ се наоѓале шест астронаути, тројца Американци, двајца Руси и еден Јапонец.

 

Scroll to Top