Руската црква со молитви против зависност од компјутери, таблети и телефони

Руската православна црква со духовна стратегија против зависност од компјутери, таблети и телефони. Таа осмисли 39 нови молитви кон луѓето кои се опседнати кон вирутелните свет и зависоноста од новата технололгија.

До крајот на ланската година можеше да се поднесе инцијатива до синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу предлозите има молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви.

И СЗО ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според здравсвената организација, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството.

Scroll to Top