Руските пранкери Вован и Лекус ја измамија и Камала Харис, соработничката на кандидатот за претседал, Џо Бајден, и жената што би можела да биде идниот потпретседател на САД.
Во телефонскиот разговор што го имале со неа може да се чуе дека Харис била подготвена да ја прифати лажната видеоснимка од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и познатата шведска тинејџерка и активистка Грета Тунберг.
Вован и Лекус, чии вистински имиња се Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, ѝ се претставиле на Харис како Грета и нејзиниот татко Свант. Телефонскиот разговор се случил само неколку месеци пред Харис да стане кандидат за потпретседател на САД.
„Честитам на вашето водство. Толку сум инспирирана на вашата храброст и глас“, им кажала сенаторката Харис на пранерите во аудиоснимката, која ја пренесе британски „Сан“.
Пранкерите тогаш ѝ јавиле дека имаат работи за Трамп, кои би можеле да ѝ бидат од корист на Харис во трката за изборите. Претставувајќи ѝ се како Грета, тие ѝ кажале дека не може да замислат што сè има направено Трамп и дека се исплашени и не може да спијат и јадат кога ќе го видат на телевизија.
Пранкерите, претставувајќи се како Грета, ѝ опишале и една сцена од средбата на Трамп со шведската активистика.
„На еден од заедничките состаноци Трамп ми се доближи и ми шепна на уво дека никогаш нема да ја остварам мојата цел“, ѝ кажала лажната Грета на Камала Харис.
Кога ѝ ја понудила поддршката во нејзината кампања, лажната Грета на Харис ѝ понудила и снимка од телефонски разговор меѓу Трамп и неговата ќерка. Харис веднаш ја прифатила понудата и Грета да сведочи против американскиот претседател.
Харис ѝ ветила на лажната Грета дека за таквото сведочење нема да заврши во затвор.
„Не сакам да одам во затвор ако направам такво нешто“, ѝ кажала лажната Грета на Харис по што сенаторката ја смирила ветувајќи ѝ дека нема да дозволи да се случи такво нешто.
Вован и Лексус досега успеале да измамат голем број политичари и да ги пробијат строгите мерки за безбедност главно нудејќи критики кон Трамп. Тие разговарале и со сенаторот Берни Сандерсон и амбасадорот Мекин Вотерс.
Харис се повлекла да се кандидира за претседател на демократите, само неколку недели пред телефонскиот разговор.