Научниот институт „Пол-Емили Виктор“ објави јавен конкурс за 40 работни места во неговите шест бази на Арктикот и Антарктикот.
Условот е да знаете француски јазик, а се бараат хемичари, столари, пекари и други занаети.
„Постојано ни се јавуваат научници, но нам хронично ни фалат механичари и други занаетчии затоа што луѓето не знаат за нас“, вели еден од директорите во институтот „Андре ле Марек“.
Ригорозен поглед
Тој би сакал во нивните поларни бази има повеќе жени. Сега ги има само шест меѓу 30 луѓе колку што во моментот престојуваат.
Потенцијалните кандидати ќе мораат да минат и ригорозни здравствени прегледи.
„Мораат да бидат физички подготвени за таквите видови мисии, а и психолошки подготвени за живот во мали групи на изолирани подрачја во услови кои понекогаш можат да бидат екстремни“, вели Ле Марек.
Минус 80
На пример, во базата Конкордија на Антарктикот зимните температури можат да паднат и на минус 80 степени Целзиусови.
Конкордија е една од трите постојани научни бази во внатрешноста на Антарктикот, едно од најнегостољубивите места на Земјата.
„Температурите се така екстремни во сите бази“, објаснува Ле Марек и додава дека понекогаш во текот на летото може да се работи и по маица.