Се обеси банкарот на Доналд Трамп

Поранешниот претставник на „Дојче Банка“ Томас Боуерс, се обесил во својот дом во Малибу, пренесуваат американските медиуми. Боуерс е познат по тоа што во минатото му одобрувал на Доналд Трамп кредити во висина од околу 2 милијарди долари, иако американскиот претседател веќе бил одбиен од повеќе финансиски институции.

Меѓу другото Боерс му одобрил на Трамп и заем во износ од 100 милиони долари за купување на голф терените во Мајами. За време на одобрувањето на кредитот, Трамп и „Дојче банка“ воделе спор за еден претходен лош кредит кој му бил одобрен на претседателот во Чикаго.

Односот меѓу Трамп и „Дојче банка“ се нашол и под истрага од страна на главниот обвинител на Њујорк, нешто за што годинава пишуваа новинарите во весникот „Њујорк Тајмс“.

 

Scroll to Top