Се отвора „Дино парк“ во скопската ЗОО

Денеска, официјално ќе биде отворен „Дино парк“ во Скопје, новата туристичка и едукативна атракција во градот, во склоп на Скопската зоолошка градина.

„Дино паркот“ е заеднички проект на Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.

„Овие тематски паркови се светска и туристичка атракција и покрај забавниот дел, имаат и едукативна функција“, велат од Зоолошката градина.

Во паркот има 41 динасаурус. Посетителите ќе може да ги видат тираносаурусот, стегосаурусот, алосаурусот во нивната природна големина, како и други помали диносауруси.

Тие ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што целосно ќе се доловат овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв „Дино парк“ на Балканот во кој ќе има толкав број диносауруси.

Scroll to Top