Се отворат аеродромите во Скопје и Охрид, прва тура се туристи од Холандија

Со лет на „Виз ер” во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје.  „Виз Ер” ќе го отвори и аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле” во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите.

 

Scroll to Top