Дваесет и четиригодишниот Александар Кондатјук од Украина се оженил со својата баба, Зинаида Илјаринова, само за да го избегне служењето воен рок. Тој имал законски документи за бракот и доказ дека треба да се грижи за неговата сопруга која е со инвалидитет.
Служењето во војска е задолжително во Украина и многумина се обидуваат да го избегнат. Еден од начините е да покажат документи дека се во брак и дека се грижат за лице со инвалидитет, какви што имал Александар. Момчето се правдало пред властите дека развил силна наклонетост кон неговата 57 години постара сопруга.
Службите во Украина се сомневаат во неговата приказна и сметаат дека овој брак е направен со цел Александар да го избегне служењето во војска.
Венчавката била направена во селото Бајков, во близина на градот Виница, кој се наоѓа во западниот дел на Украина. Бабата Зинаида Илјаринова (81) пред новинарите раскажала дека Александар е добар маж и ја гледал со големо внимание и грижа. Соседите, пак, тврдат дека никогаш не го виделе Александар во нејзина близина.
Една од сосетките за една локална телевизија изјавила дека многу почесто бабата ја посетувале нејзините други внуци, правнуци и сестри, отколку нејзиниот наводен сопруг.