Американската војска по повеќе од десет години не успеа да стигне до планираната бројка на војници во копнената армија. Од воениот командат истакнуваат дека за 6500 регрути не стигнале до бројката од 70.000 војници.
Оваа бројка се смета за фискалната година која завршува на 30 септември. Останатите родови ги исполниле своите цели. Помлаку регрути се пријавиле и покрај дополнителните 200 милиони долари за бонус за влез во војската.
Генералот мајор Џо Каловеј изјавил дека недостигот на војници е последица на силната американска економија. Бројот на луѓе кои можат да се пријават за војска во САД, веќе со години опаѓа.