Се продава куќата од серијата „Сејнфилд“, сопствениците ќе заработат милиони

Куќата во која се снимала американската хумористична серија „Сејнфилд“ е дадена на продажба. Сегашните сопственици Хари Азорин и Лори Монсон сакаат да ја продадат по почетна цена од 8,5 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Иако куќата е изградена во 1939 година, таа сеуште е во одлично издание. Ако успеат да ја продадат Хари и Лори би можеле добро да профитираат. Тие имотот го купиле во 1995 година за само 900.000 долари. Велат биле импресионирани од историскиот карактер на градбата, пишува „Пипл“.  Некои од епизодите во серијата „Сејнфилд“ биле снимени и пред тие да се вселат.

Куќата се наоѓа во елитниот дел во градот Њујорк. Таа често е посетена од голем број туристи.

 

Scroll to Top