Се степаа сватови во Хрватска – Причината српските пејачки на свадбата

Како што е утврдено на судот, конфликтот почнал откако 58 годишниот го полил со вода пријателот М.Б. затоа што ја повикал неговата сопруга на еден танц.

Поради масовната тепачка за време на свадбената вечера во еден ресторан во Задар, за чие време, освен шишиња и пепелници, летале и забни протези и стакла од очилата, на Општинскиот суд во градот, на условна казна од осум месеци, неправосудно е осудено лицето Ж.М. (58), пишува Слободна Далмација.

Задранин се терети за две кривични дела, а „крвавата“ вечера, која заврши со заминувањето на невестата и младоженецот, но пред тоа тие им упатија порака на гостите преку микрофонот „ајде сите во п***у материну“, се одиграла околу 1:30 часот утрото во 2013 година.

Како што е утврдено на суд, конфликтот почнал откако 58 годишен гостин, го полил со вода пријателот М.Б. затоа што, вториот ја повикал неговата сопруга на една партија танц. Кога неговиот син приговорил, Ж.М. кон него фрлил стаклено шише. Но, откако овој го избегнал шишето, истото завршило во главата на неговата сопруга А.Б. која танцувала на подиумот.

Жената се здобила со отворени рани на десниот образ и фрактура на осмиот заб. Конфликтот не прекинал тука, па Ж.М. потоа од непосредна близина го удрил и во нос со пепелник лицето М.Б. кое се здобило со нагмечување на носот и површински повреди на главата.

Со пепелникот во глава…

Осудениот 58 годишен маж на судот му раскажал дека таа вечера, младоженците на почетокот приговарале затоа што на вечерата се слушале „пејачки од Србија“, затоа што тој е инвалид од Патриотската војна, па таа музика му сметала.

Наведе дека не можел да го фрли шишето, затоа што на него биле тројца конобари, а тројца на М.Б., додавајќи дека тој него го гушел и тепал со тупаници, а и тој него „нормално“. Неговата сопруга, како што рекол, од страв и шок, почнала да бега кон вратите.

„Кога ме погоди со пепелникот, ми излета протезата, паднав и го земав и почнав и јас да го фрлам, но го промашив“, изјави 58 годишниот маж.

„Во тој момент М.Б. ме фати со рацете за врат и почна да ме гуши“, изјави на судот, по што М.Б, објасни дека 58 годишниот гостин, го удрил така силно, што му го скршил едното стакло од очилата.

… а потоа и со шишето во глава

Кога се тепавме, сите се туркавме. Замавнав со чаша затоа што тој со шишето замавна кон мојот син. Невестата директно од свадба замина во болница. Имаше исекотини на десната страна на лицето и забот и беше скршен“, изјави М.Б.

Една од гостите на свадбата додаде дека заедно со сорпугата на 58 годишниот маж, на подот ја барале неговата протеза.

„Штом ја нашле протезата, сопругата ја земала торбата, го напуштила просторот и отишла во предворјето“, вели таа.

Друг сведок додаде дека се се случило во три секунди околу полноќ кога „мозокот на никој не работи“, пишува Слободна Далмација.

Scroll to Top