Се топи најстариот лед на Арктикот

Дел од ледениот брег на Гренланд, познат под името „последната ледена површина“, почна да се раздвојува за првпат во историјата. На ова подарачје на Арктикот се наоѓа најстариот и најгуст лед во регионот. Досега овој дел одолеваше на ефектите на климатските промени.

Додека кршењето на морскиот лед во овој дел на Арктикот никогаш не бил документиран во минатото, експертите велат дека тоа се случило дури двапати оваа година поради топлите ветрови и жешките температури, пренесува „Гардијан“.

Водата на северниот брег на Гренланд се наоѓа во еден од најстудените делови на Арктикот и се претпоставува дека ќе биде меѓу последните што ќе ги доживеат ефектите на топење кои се видливи и во други подрачја. Но, по невообичаениот топол февруари и високите температури на почетокот на август, изгледа дека ова повеќе не важи.

„Топењето на ледот сега создаде најголем јаз од брегот што кога било е забележан. Речиси целиот лед на северниот дел на Гренланд е прилично разбиен и мобилен“, вели Рут Мотрам од данскиот метеоролошки институт.

 

 

 

 

Scroll to Top