Се запали авионот на јапонскиот премиер

Пожар избил во авионот на јапонскиот премиер Шинзо Абе, пренесуваат јапонските медиуми. Немилиот настан се случил за време на подготовките за време на летот на премиерот. Ситуацијата брзо била ставена под контрола.

„Пожарот изби во задниот дел на ‘боингот 777-300ЕР’, додека членовите на екипажот подготвуваа оброци за летот. Но, брзо беше изгаснат“, изјавиле службите.

Во незгодата нема повредени и не е нарушен планот на летање. Авионот требало да полета од 13:41 по локално време за Тајланд, каде јапонскиот премиер требало да одржи средба за време на самитот ASEAN.

Овој авион во април го замени „боинг 747“, кој тогаш го користела владата на Јапонија.

Scroll to Top