Седум јужноамерикански земји се договорија да го заштитат сливот на реката Амазон, поради се поголемите пожари во најголемата тропска шума во светот.
Земјите кои потпишале договор се Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Гвајана, Перу и Суринам. Тие се договориле околу покренувањето на големите акции на пошумување со цел да се воспостави сателитско следење на идните катастрофи.
„Овој состанок воспоставил координационен механизам за претседателите на земјите кои се дел од ова богатство, Амазонија“, изјавил колумбискиот претседател Иван Дуке, домаќин на самитот во Летиција.
Претседателот на Перу, Мартин Визкар, изјавил дека не е доволно само добра волја. Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро преку видео линк изјавил дека се подготвувал за операцијата. Болсонаро е мета на критики од целиот свет поради неговите пропусти во заштита на регионот.
Амазонија е голем производител на кислодор кој го забавува темпото на глобално затоплување и 60% од површината се наоѓа во Бразил.
Повеќе од 80.000 пожари избиле во тропските прашуми во Амазонија оваа година. Меѓу јануари и август 2019 година се случиле два пат повеќе пожари отколку во истиот период минатата година.