Секој 40 Србин е Јовановиќ, во Бугарија има најмногу Иванов, а кое е најчесто презиме во Македонија?

Јакуб Марин од Чешка објави истражување за најпопуларните презимиња меѓу Словените.
Дали некогаш сте се запрашале кое е најпопуларното презиме меѓу Словените? Јакуб Марин од Чешка објави истражување за цела Европа, но ние само ќе се фокусираме на Словените.Во земјите од поранешна Југославија, најчести се следните презимиња, во Црна Гора тоа е Поповиќ, во Хрватска Хорват. Во Босна и Херцеговина, најмногу има Хоџиќ, а во Македонија – Стојановски.

Во Словенија Новак е најчесто, како и во Чешка и Полска. Во Србија на најмногу поштенски сандачиња, го има испишано името Јовановиќ.

Во Бугарија и Белорусија – Иванов. Меѓу Украинците најчесто ќе го најдете името Мелник, а и меѓу Словаците најраспострането презиме е Хорват, како и кај Хрватите.

Најпопуларно презиме во Русија е Смирнов.

Во некои случаи, на основа на ваквите мапи, може да се следи миграцијата на Словените, само на основа на најпопуларните презимиња.

Голем број на Хорвати (Хрвати) има и меѓу Словаците, и во Јужна Полска сведочат за постоењето на „Бела Хрватска“, во текот на историјата.

Scroll to Top