Дванаесетгодишно момче од Сирија, Мухамед Халит, доби доживотно членство во вежбалница откако газдата на истата, Енгин Доган, секојдневно го гледал како стои пред излогот и ги гледа другите како вежбаат.
На фотографијата што се појави на социјалните мрежи може да се забележи момчето кое стои пред вежбалницата со желба да им се приклучи на другите. Фотографијата стигнала до сопственикот, кој решил да направи нешто во врска со тоа.
Adıyaman’da Olimpiyat Spor Merkezi, bu fotoğraftaki çocuğu arıyor. Ömür boyu üyelik hediye edeceklerini açıkladılar. pic.twitter.com/KK9i6LhqF9
— Tribun Dergi (@tribundergi) 3 January 2018
Доган откако ја видел фотографијата на социјалните мрежи, решил да го пронајде Халит и да му подари доживотно членство во неговата вежбалница.
Here’s a photo of Muhammad Hussein, 12, and Turkish gym co-owner Engin Dogan. Via @dhainternet https://t.co/oLww27qJWq pic.twitter.com/WLs6HUIl0X
— Borzou Daragahi 🖊🗒 (@borzou) 9 January 2018
Момчето било воодушевено од понудата.
„Отсекогаш сум сакал да ослабам, а сега верувам дека тоа можам да го остварам со вежбање“, изјави Мухамед.
Fotoğrafı sosyal medyada gördüler… https://t.co/tyykcFqGpx pic.twitter.com/1OVrCtFiZV
— Doğan Haber Ajansı (@dhainternet) 8 January 2018