Секој ден стоел пред вежбалницата па газдата го почести со доживотно членство

Дванаесетгодишно момче од Сирија, Мухамед Халит, доби доживотно членство во вежбалница откако газдата на истата, Енгин Доган, секојдневно го гледал како стои пред излогот и ги гледа другите како вежбаат.

На фотографијата што се појави на социјалните мрежи може да се забележи момчето кое стои пред вежбалницата со желба да  им се приклучи на другите. Фотографијата стигнала до сопственикот, кој решил да направи нешто во врска со тоа.

Доган откако ја видел фотографијата на социјалните мрежи, решил да го пронајде Халит и да му подари доживотно членство во неговата вежбалница.

Момчето било воодушевено од понудата.

„Отсекогаш сум сакал да ослабам, а сега верувам дека тоа можам да го остварам со вежбање“, изјави Мухамед.

Scroll to Top