„Сексот и градот“ се враќа во декември

„Сексот и градот“, минисеријата со 10 епизоди, ќе има премиера во декември, потврди „Ејч-би-о“. Новата серија насловена And Just Like That, ќе се емитува на нивниот стриминг сервиз „Ејч-би-о макс“. Во новиот проект се вратија Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо, Синтија Никсон во улогата на Миранда Хобс и Кристин Дејвис како Шарлот Јорк, но не и Ким Катрал која ја глумеше Саманта Џоунс.

„Сексот и градот“ е една од најуспешните серии изминатите дваесет години. Се емитуваше од 1998 до 2004 година. Освои седум Еми награди, а потоа врз база на серијата се снимија два филма, во 2008 и 2010 година.

 

Scroll to Top