Сексуален манијак уапсен по деталниот опис на 11 годишно девојче

Сексуален манијак по име Ајзак Вотсон во Истборн, во источен Сасекс е уапсен од полицијата благодарение на 11 годишно девојче кое го препознала по улиците.

Полицијата направила веродостоен цртеж со фото-робот на основа на описот на девојчето. Дваесет и четири годишниот Ајзак за пет години нападнал пет жени и девојчиња на возраст од 11 до 32 години.

Откако бил направен цртежот од фото-роботот, повеќе лица се јавиле во полицијата да го пријават Вотсон.

Вотсон внимателно ги бирал жртвите и ги избегнувал деловите од градот во кој имало безбедносни камери. Ги напаѓал жртвите од зад грб за да не можат да го препознаат.

„Кога го објавивме цртежот на осомничениот, луѓето пријавија повеќе луѓе, а меѓу нив беше и Вотсон. Направен е цртеж на основа на описот на девојчето кое било сведок на нападот во септември во 2017 година. Тоа е еден од најверодостојните цртежи од фото-робот кои ги имам видено досега“, изјавил детективот Ден Томсон.

„Додека го правевме цртежот девојчето ни кажа дека Вотсон се има ишишано, што не наведе уште повеќе да се посомневаме во човекот кој го уапсивме“, додал тој.

Вотсон признал пет сексуални напади, но негирал за четири. Осуден е на осум години затвор и ќе биде доживотно регистриран како сексуален насилник.

Scroll to Top