Гордон Галуп, еволуционен психолог, тврди дека научниците успеале да вкрстат човек и шимпанзо до дваесеттите години од минатиот век на Флорида.
Тој за новонастанатото суштество измислил збор humanzee, од англискиот збор за човек и шимпанзо (human+chimpanzee).
„Оплодиле шимпанзо со човечка сперма од анонимен донатор и тврделе дека бременоста резултирала со породување. Но, веќе за неколку дена или една недела почнале да ги мачат моралните и етичките прашања, па веднаш го евтаназирале“, изјавил Галуп.