Серијата „Бриџертон“ обновена за уште две сезони на „Нетфликс“

Историската драма „Бриџертон“, која е базирана на истоимениот роман на Џулија Квин, беше обновена за уште две сезони само неколку дена откако беше најавено симањето на втората сезона.

Стриминг платформата „Нетфликс“ преку „Твитер“ поврди дека хит-серијата ќе продолжи да се снима и се работи на сценариото за третата и четвртата сезона.

„Бриџертон“ стана една од омилените серии на „Нетфликс“ веднаш по премиерата во декември. Во првиот месец на прикажување, ја гледаа преку 82 милиони домаќинства, што е рекорд на оваа стриминг платформа. Серијата е историска приказна, дополнета со современата романса, воведувајќи врски од мешани раси и класи, невозвратена љубов, фатални врски и големи страсти.

Првата сезона го следи животот на најстарата ќерка во семејството Бриџертон, Дафне Бриџертон (Фиби Диневор) и нејзината љубов со војводата Сајмон Хејстингс (Реге-Жан Пејџ). Актерот по оваа серија стана еден од најпопуларните во светот и тој веќе се спомнува како наследник на Даниел Крег во новиот филм за Џејмс Бонд.

Scroll to Top