Серијата Squid Game е опасна за тинејџерите, апелираат британски училишта до родителите

Глобалниот феномен „Squid Game“ предизвика загриженост кај некои училишта во Велика Британија поради влијанието што серијата го има врз тинејџерите, а директорите апелираат до родителите да им забранат да го гледаат овој хит на „Нетфликс“.

Причината за тоа е што некои ученици почнале да имитираат сцени и ликови од серијата, и да учествуваат во разни предизвици, ризикувајќи сериозни повреди, пишуваат британските медиуми.

Во серијата, натпреварувачите се борат за голема парична награда, а за да ја освојат, треба да играат одредени игри. Игрите се навидум обични детски игри, познати во Кореја, но и низ целиот свет. Меѓутоа, оној што губи-умира.

Според „Индипендент“, тинејџерите почнале разни предизвици. Победниците, исто како и во серијата, добиваат одредена сума пари, а губитниците се изложени на сериозни физички повреди.

Основното училиште „Џон Бремстон“ во Илфорд испрати писмо до родителите во кое изразува загриженост за малите деца кои учествуваат во овие видови предизвици.Истиот проблем се случил во училиште во Кент. Серијата е означена како забранета за деца под 15 години.

Scroll to Top