Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го повика претседателот на Јужна Кореја Мун Џае ин во Пјонгјанг и тоа во писмото кое му го предала сестрата на Ким, пренесува Сеул.
Помладата сестра на севернокорејскиот лидер, му го предала писмото на состанокот со Мун во саботата.
„Додека го испорачувала писмото, таа усмено го повикала претседателот Мун да го посети Северот во момент кога тоа ќе му одговара, велејќи дека лидерот на Северна Кореја е подготвен да го запознае претседателот Мун, што е можно побрзо“, изјави портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.
Тој додал дека претседателот на Јужна Кореја одговорил на повикот велејќи: „Ајде тоа да го направиме со создавање на неопходните услови во иднина“.
Historic visit: Kim Jong-un’s sister arrives in South Korea for Winter Olympics https://t.co/8zCQbvvz5C pic.twitter.com/dIAYeS12Mm
— RT (@RT_com) 9 February 2018
Претседателот на Јужна Кореја ја спомена и потребата да Северот продолжи со својот дијалог со Соединетите Држави.
„Продолжувањето на дијалогот меѓу Соединетите Држави и Северот е неопходно и за развој на односите меѓу Јужна и Северна Кореја“, изјави Мун.