Сестрите кои беа пронајдени залепени во река во Њујорк се самоубиле

Две сестри од Саудиска Арабија, Тала (16) и Ротана (22) Фареа, кои беа пронајдени мртви во реката Хадсон во Њујорк на Менхетен, залепени со леплива трага, веројатно извршиле самоубиство, соопшти полицијата.

Челник од детективското оделение на њујоршката полиција Демот Ши, изјавил дека сестрите веројатно влегле живи во водата и избрале да се удават, отколку да се вратат во Саудиска Арабија.

„Во овој момент нема докази дека е во прашање убиство, но истрагата продолжува“, изјавил Ши.

Сестрите пред неколку години стигнале во САД да се школуваат во Ферфакс место во Вирџинија, недалеку од Вашингтон. Според некои наводи, во Вашингтон веќе живеел нивниот брат кој студирал. Некои пак наведуваат дека сестрите во САД стигнале во придружба на нивната мајка.

 

Семејството последен пат ги видела сестрите во Вирџинија на 30 ноември минатата година. По напуштањето на домот, тие престојувале во засолниште за жртви од семејно насилство. На 1 септември оваа година стигнале во Њујорк, пред да се отселат во неколку луксузни хотели, изјавил Ши.

Полицијата наведува дека сестрите претходно изјавиле дека се жртви на семејно злоставување, а како претходно пишувал „Њујорк Тајмс“ и двете поднеле барање за азил во САД. Мајката и сестрата рекле дека примиле повик од саудиската амбасада во Вашингтон која ги известила за поднесените барања.

Поедини американски медиуми наведуваат дека амбасадата на Саудиска Арабија, поради поднесеното барање за азил на девојките и семејството, побарале тие да се вратат во Саудиска Арабија.

Детективот изјавил дека одредени извори во Вирџинија им откриле на истражителите дека девојките, чии тела на 24 октомври беа пронајдени од случајни минувачи, биле подготвени да умрат отколку да се вратат во Саудиска Арабија.

Истражувачите изјавиле дека веруваат дека не станува збор за извршен злостор на основа на сведочењата на очевидците, видео-снимки и кредитната картичка на постарата сестра, со која е плаќана храна, хотелско сместување и превоз.

Според податоците на полицијата, девојките трошеле огромни пари за престој во најлуксузните њујоршки хотели, се додека не ги потрошиле сите пари.

Очевидците дури им рекле на истражителите дека на 24 октомври, околу седум часот утрото по тамошно време, виделе двеф жени пред реката Хадсон и гласно се молат околу 15 минути.

 

Scroll to Top