Северна Кореја продолжува да гради нуклеарно оружје

Северна Кореја предупреди дека би можела повторно да почне програмата со нуклеарното вооружување, ако САД не ги укине економските санкции, соопштиле од Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

Министерството во синоќешното соопштение испратено до јавноста, не се закани дека Северна Кореја ќе ги напушти преговорите со САД, туку оценило дека Вашингтон не ги исполнува обврските од самиот на лидери на Северна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на САД Доналд Трамп, кој се одржа на 12 јуни во Сингапур.

„САД веруваат дека повторувањето на нивните санкции и притисок ќе доведе до денуклеаризација. Не можеме, а да не се насмееме на таквата глупава идеја. Подобрувањето на односите и санкциите не се компатибилни“, пишува во соопштението.

Ким Џонг Ун оваа година предложи неколку симболични чекори за денеклеаризација и намалување на напнатоста во односите со САД и Јужна Кореја, но САД и сојузниците не се желни да го намалат притисокот на санкции.

 

 

Scroll to Top