Шеесет проценти од Финците против зачленувањето во НАТО

Педесет и девет проценти од финскиот народ се против нивната земја стане членка на НАТО. Ова го покажува истражувањето направено од страна на агенцијата „Галуп“.

Доколку и Шведска се согласи да влезе во алијансата, што се гледа како фактор што би можел да го заниша јавното мислење во Финска, сепак 52 отсто од мнозинството од Финците и понатаму се противат на зачленувањето во овој сојуз. Во анкетата што е иницирана од страна на порталот „Хелсинг Саномат“, најголемиот дневен весник во Финска, се наведува дека само 22 отсто од граѓаните покажале интерес за членство на нивната земја во американскиот воен блок, а 19 отсто биле неодлучни по тоа прашање.

Испитаниците исто така биле анкетирани за нивното мислење дали би сакале Финска да влезе во НАТО-сојузот доколку претходно Шведска стане член. Таквото сценарио резултирало со зголемено позитивно изјаснување на испитаниците за 33 отсто, но кај оние што се противат ваквиот процент исто така е пораснат 52 отсто.

Мети Пес, истражувачкиот соработник на финскиот Институт за меѓународни работи, изјави за „Хелсинг Саномат“ дека шведското членство во НАТО-сојузот би можело да го заниша ставот на Финците што го имаат кон овој сојуз.

Финците историски со скептичност гледаат кон НАТО. Ова го покажуваат и резултатите од анкетите направени во 2000 година кога за пристап во алијансата позитивно се изјасниле само 15 до 16 отсто од населението, а во 2014 година ваквиот процент е зголемен на 26 отсто.

Тоа беше период кога Русија беше обвинета од страна на Западот дека нелегално ги поддржува жителите од украинските региони Донецк и Луганск, кои одбиле да ја признаат инсталираната влада во Киев како легитимна. Но, од тогаш поддршката кон алијансата, што се однесува од страна на Финците, е во драстичен пад.

Финската влада соопшти дека во моментот не бара членство во НАТО, но го задржува правото да поднесе барање за него ако се промени безбедносната ситуација во земјата.

Минатата недела финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека ќе биде потребен референдум доколку земјата изрази желба да тргне напред со барање за приклучување во НАТО.

„Уверен сум дека за ваквата одлука ќе биде потребна легитимност и широка согласност. И би сакал да предупредам дека со донесувањето на ваквата одлука граѓаните може многу да зажалат“, изјави Нинисто. Што се однесува до Шведска, анкетата е спроведена од страна на институтот „Сифо“ за весникот Svenska Dagbladet каде што во јули резултатите покажале дека процентот за земјата да влезе во НАТО од 41, а во 2016 година паднал на 33 проценти.

Русија ширењето на НАТО кон Истокот го гледа како сериозна закана и во повеќе наврати ги предупреди властите во Хелсинки и Стокхлом да не се приклучуваат кон овој воен блок велејќи дека со тоа неизбежно ќе предизвикаат турбуленции во односите со Москва.

 

Scroll to Top