Штетните честички во воздухот влијаат на еволуцијата

Експертите за загаденост на воздухот тврдат дека токсините кои се наоѓаат во воздухот се штетни до таа мерка што можат да влијаат на човечката еволуција. Под името „Зошто загаденоста на воздухот е толку загадена“, „Њујорк тајмс“ објавил текст чиј автори тврдат дека загаденоста на воздухот не е модерен проблем и порачуваат дека одговорот веројатно се наоѓа во нашата ДНК.

Огнот што се ширеше низ Австралија оддалечен беше од Сиднеј речиси 200 километри, но димот што се издигнува може да се види на снимките кои ги испрати сателитот кој кружи околу Земјата. Ништо помалку не е штетен густиот смог кој во зимно време се издига над Њу Делхи, а кој и оваа година го зазема неславното место кај градот со најгуст смог на светот.

Загадениот воздух им штети на милијарди луѓе, затоа што дишеме воздух кој е загаден со издувни гасови од сообраќајот. Ништо помалку, ако не и повеќе, загаден е воздухот и од димот што го испуштаат фабрите на јаглен или рафинерија. Палењето оган во куќите за да се готви или грее во сиромашните земји го загадува воздухот што го дишат милиони жители. Повеќе од милијарда луѓе додаваат токсини во воздухот додека пушат.

Во светот 92% од луѓето живеат на места каде ситните честички се дишат од воздухот, а тие се најштетни за човечкото ткиво. Светската здравствена организација одредила што може да се смета за чисто, односно што е здрав и чист воздух, додека загадениот воздух и пушењето, заедно, ги смета за причина за смртта на 20 милиони луѓе годишно.

Токсините кои се наоѓаат во воздухот наштетуваат на многу начини. Покрај одамна утврдените предизвикувачи за добивање  рак на белите дробови и заболувања на срцето, истражувачите најдоа нова врска со болестите како што се дијабетис и Алцхајмеровата болест.

Научниците се збунети од необјаснивата отпорност која некои луѓе ја имаат кон загадениот воздух. Некои тврдат дека таа отпорност се крие во нашето далечно минато, кога немало ниту цигари, ниту издувни гасови кои го загадувале воздухот.

Нашите далечни предци на почетокот на еволуцијата, додека сè уште не биле цивилизирани и кога повеќе личеле на мајмуни отколку на луѓе, дишеле загаден воздух во кој имало токсични честички настанати како последица на пожари, земјотреси и воздухот во песочните бури.

Тие далечни предци можеле да создадат имунитет кон токсичните честички во воздухот и тој имунитет го пренесувале на потомците, тврдат некои антрополози. Тоа еволуционо наследство може да ја зголеми нашата неотпорност на болести кои можат да се поврзат со нови форми на загадување на воздухот.

Пред седум милиони години, Африка почнала да добива дел во централниот дел на пустината, а на југот и истокот никнале савани. Предците на шимпазата и горилата останале во шумите, додека човековиот предок се навикнал на новото опкружување. Почнал да оди на две нози, што му овозможило да трча низ саваната.

Тие наши предци морале да се навикант ако повремено биле погодени од песочните бури од пустините. Белите дробови на нашите предци биле иритирани со полен и честички од фекалии на безбројни животни кои паселе на тревниците.

 

Научниците сметаат дека е потребно да се изврши испитување на гените за да се дознае дали луѓето кои се отпорни на дим од цигари и други загадувачи на воздухот поседуваат генетска отпорност кон таквите загадувачи.

Еден од тие гени е MARCO, кој го осигурува создавањето на молекули кои произведуваат имуни клетки во белите дробови. Овие клетки ги отстрануваат бактериите, но и ги чистат белите дробови од силиконска прашина. Човечката верзија на гените MARCO е видно поинаква од мајмунската и оваа промена се случила најмалку пред половина милиони години.

 

Scroll to Top