Што да им подарите на жените според хороскопот

Овен

Жената Овен ја сака спонтаноста во подарувањето. Активни се по природа, па затоа ги ценат спортските производи, облеката што може да се комбинира со фармерки или патики. Добра идеја за подарок се и книгите со акциона содржина или трилер-филмови. Нема да згрешите и доколку ѝ подарите: козметика (со акцент на црвениот кармин), обетки, спортски часовник, запалка во машки стил или очила за сонце.

Бик

Жената Бик сака софистицирани прехранбени производи. Тие ценат романтична вечера или дружење со пријатели на јадење! Идеални подароци за овој знак се: слатки, луксузен пијалак, кожен ремен, готвач, но и некои украси како: рамка за семејни слики, миризливи свеќи, облека во неутрални бои, кожена облека, лосион за тело.

Близнаци

Жената Близнаци има развиен уметнички дух и ја привлекува сè што е ново. Бидејќи сака да се дотерува, најдобар подарок би бил некој женствен фустан или со цветен принт. Ако избирате облека за неа, внимавајте на нијансите, односно фатете се за жолтата или портокаловата нијанса. Одличен подарок би бил и билет за некој возбудлив концерт. Други идеални подароци се: енциклопедија, парфем со егзотични ноти или патување.

Рак

Раковите се најсемејниот знак во хороскопот. Подароците што ќе ги цени се: чоколадо, предмети за кујна, влечки, бањарка, предмети за спална или детска соба, книга поезија или книги со љубовна тематика, романтична музика или многу стари книги. Потрудете се подарокот убаво да го спакувате, тоа за неа ќе значи дека сте многу внимателен.

Лав

Жената Лав е прочуена по тоа што сака секаде да остави одличен впечаток. Голема љубителка е на златниот и на скапиот накит. Подарете ѝ парче накит или нешто поврзано со уметноста. Нема да згрешите ако ѝ подарите билет за театарска претстава. Други подароци што ќе ја расположат се: светкави или сјајни предмети за дневната соба, облека од вештачко крзно, скапо чоколадо, но и скапа козметика.

Девица

Девицата е практична, љубезна, одговорна и вредна личност. Како и мажите, така и жените Девици се привлечени од предметите што би можеле да им помогнат побргу да ги реализираат своите задолженија. Најдобри подароци за девицата се: лаптоп, календар, канцелариски материјали, торби, куфери, книги за литературна критика, но и парфем со свежи ноти.

Вага

Вагите се отворени, омилени лица на кои им треба мир и хармонија. Жената вага е елегантна, има добра естетска смисла. Подароци што одговараат за неа се: книги со хумористична содржина, слатки, стилизирано пенкало,  уметничка слика, џез-музика и елегантни модни додатоци (ремен, чанта, чевли со висока потпетица).

Скорпија

Жената Скорпија ја сака мистеријата и има хармизма што речиси е магична. Но, таа истовремено е и сензитивна и емотивна. Подароци што би ја заинтересирале се трилер или еротска книга, долна облека (со тантела), модни парчиња облека во црвена или црна боја, сензуален парфем или часовник.

Стрелец

Енергичната жена Стрелец е заинтересирана за сè што е ново, но и за тоа што носи авантура. Mногу сака да патува, па совршен подарок би бил авионска карта или крстарење. Одлични подароци за оваа жена се и книга за кампување, книга на странски јазик, викенд на море, парфем со мирис на море, модни парчиња облека во црна или зелена боја.

Јарец

Оваа жена има силна личност и познато е дека во мигови на релаксација, во домашна атмосфера, сака да гледа филмови. Затоа, купете ѝ билети за добар нов филм (трилер или комедија). Други идеални подароци за жената Јарец се: бизнис книга, книга за економски вештини, декоративни предмети за домот и облека и модни додатоци во неутрални нијанси.

Водолија

Жената Водолија ја сака слободата, се интересира за сè што е ново, а нејзината облека е младешка и модерна. Подарете ѝ модно парче од новите колекции што не е премногу скапо, но е доволно откачено. Супер подарок за неа се и декоративни предмети за домот или канцеларијата со иновативен и супермодерен изглед. Може да ѝ подарите и телефон, билет за кино, производи за нега на кожата или за подмладување.

Риби

Сензитивните и романтични Риби сакаат персонализирани подароци. Имаат уметнички дух ,па би биле среќни да добијат нотес со нивните иницијали, но и рамка за фотографија со ваша заедничка слика. Други подароци што ќе ја израдуваат се егзотичен парфем, каков било уметнички предмет, миризливи купки, романтични чевли, свилена шамија и облека во светли бои, уште подобро ако е сатенска или свилена.

Scroll to Top