Мирко Зориќ, директорот на Центарот за истражување на однесувањето, при гостувањето во српска емисија изјавил дека повеќето сигнали се одвиваат на несвесно ниво, а додека се разговара, доста информации испраќаме, а не сме ни свесни за тоа.
„Можеби сме свесни само за врвот на ледениот брег. Многу од тоа се комуницира во првите неколку секунди кога почнуваме разговор со некоја личност“, наведува Зориќ.
При средбата велат дека соговорниците набљудуваат сè, од начинот на облекување, преку одржувањето хигиена, до фризурата и фацијалните експресии. Сè што ни е достапно, сè набљудуваме“, вели тој.
Според неговите зборови, гледаме да донесеме што е можно повеќе релевантни информации како би донеле некоја прва слика за личноста, како би знаеле, првенствено, дали таа личност ни е пријател или непријател и потоа дали таа личност е вредна или не.
„Некои истражувања велат дека 60 проценти од вкупниот впечаток за личноста го стекнуваме преку првиот впечаток. Она што го донесуваме како заклучок во првите неколку секунди. Ракувањето е првиот физички контакт помеѓу две личности кога се запознаваат и најчесто единствен физички контакт и благодарение на него се испраќаат најбазични пораки помеѓу две личности“, вели Зориќ.
Додава и дека ако некој ви ја стисне раката и не ја пушта, може да говори дека личноста е премногу посветена на разговорот, дека сака да постави некој вид контрола оти таа ќе го води самиот разговор.