Што се крие зад видеото во кое девојчето јадеше лути пиперки заради пари

Девојчето, како што се тврди на социјалните мрежи, наводно јаде чили пиперки со цел да заработи пари.  Со денови кружи видео на социјалните мрежи, кое ја разбранува јавноста ина кое се гледа како едно девјче јаде чили пиперки. Солзи и излегуваат од очите од лутина, а лицето кое го објавило видеото на Интернет тврди дека станува збор за сиромашна девојка која ги јаде за да заработи пари.

Според некои страници на Фејсбук, девојчето го задевале  туристи кои за да и дадат пари бараат да јаде лути пиперки.

„Каде ќе ви оди душата“, „Човечки ѓубриња го снимаа ова“, „Премногу тажно“, „Дно над дното“, се само дел од коментарите што се појавија на порталите под ова видео.

Сепак, дали позадината е точно како што се мисли?

Иако на социјалните мрежи и во некои медиуми се тврди дека видеото го направил богат човек, некои арапски медиуми објавија дека тоа всушност е нејзин вујко и дека она што кружеше низ светот нема никаква врска со вистината. Имено, станува збор за нивен договор, шега, а девојчето само сакаше да одговори на „чили предизвикот“ кој деновиве е популарен на мрежите.

Потоа, на мрежите се појави видео, во кое всушност беше објаснето за што станува збор и дека видеото е направено во присуство на целото семејство и служело исклучиво за забава.

Споменатиот „чили предизвик“ е популарен на социјалните мрежи веќе некое време и е само еден од низата начини за забва на  платформите кои сè повеќе го окупираат нашето внимание. Слично на ова беше и „предизвикот со цимет“, кој исто така беше крајно опасен.

 

Scroll to Top