Што зборува вашиот говор на тело додека имате видео-разговор?

Ви трепери ли раката додека да го фатите најдобриот агол?

Вашето лице никогаш не е потполно видливо

Иако устата успешно ви бега од кадарот, вашите стравови од неприфаќање дефинитивно се присутни! Срамежливи сте и неретко срамежливи. Вашиот одговор на: „Дали сте спремни да нарачате?“, секогаш ист: „Може, но јас последна.“

Се шминкате

Зошто да губите време на Ју Туб туторијали кога сите свои соговорници можете сами на нешто да ги научите додека разговарате со нив, истовремено вие си ги покривате подочниците со коректор. Не ве засегаат нивните коментари. Тие се едноставно љубоморни што растурате во мултитаскинг.

Секогаш ја барате својата шолја

Вие сте паметна другарка која неретко ги избегнува друштвените настани, но секогаш сте расположени кога е во прашање дружењето со пица и Нетфликс, ќебе и мудри животни совети.

Секогаш сте во најдоброто светло

Вашиот Гугл календар е апсолутно беспрекорен, а вашата коса е уште посовршена. Искрено, импресионирате подобро и од златните ретривери, а тоа дефинитивно не би го рекле секому.

Вашата рака е секогаш испружена

Уште од првиот ден сте ја навикнале оваа поза додека водите видео-разговор. Исто така, секогаш земате иста рута кога одите во продавница по намирници, дури и ако сте дошле да купите само една работа.

Вашите изрази на лице импресионираат

Го цениме тоа што работите (а особено своите) не ги сфаќате премногу сериозно. Затоа немате никаков проблем да ги прикажете своите најдобри гримаси додека разговарате во буквално секакво издание. Тоа објаснува зошто мислите дека „YOLO“ тетоважата на Зек Ефрон е кул, а на работа одите во бициклистички пантолони.

Scroll to Top