Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени е забележан денеска утрото на 43 километри југозападно до островот Закинтос во Грција. Земјотресот со епицентар во Јонското море бил почувстван и во Македонија.

Според досега достапните информации, неколку луѓе се полесно повредени, но во потресот немало човечки жртви ниту материјална штета.

Како мерка за внимателност, службите на цивилната заштита издале предупредување за можно цунами. Според засега достапните информации, неколку луѓе се полесно повредени во потресот, но за среќа освен поголеми материјални штети, нема човечки жртви.

Според известувањето на локалните медиуми, оштетен е манастирот и кула на Закинтос. Во главниот град на островот снемало струја, а забележан е и пораст на нивото на морето.

Според извештајот на EMSC земјотресот освен во Грција бил почувствувам во уште 11 земји. Меѓу нив биле Малта, Либија, Италија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Египет, Израел и Турција.

Scroll to Top