Синот на легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик, ја освои титулата во Формула 3 шампионатот.
Мик денеска го освои второто место на втората трка и на тој начин ја обезбеди првата позиција во генрералниот пласман. Ова претставува еден од неговите најголеми успеси во неговата кариера.
Мик има 19 години и во решавачкиот викенд влезе со 49 бодови предност пред Дан Тиктам. Стартот го почна лошо кога по направениот судар, го освои само 12 место. Во второто издание се најде на 2 место и на тој начин ги обезбеди потребните поени кои му гарантираат шампионска титула.
Шумахер ја освои титулата во втората сезона во Формула 3, откако во дебитантскиот настап го освои 12. место.