Сите милијардери на светот имаат богатство како 4,6 милијарди луѓе

Според извештајот на организацијата Оxfam , јазот меѓу најбогатите луѓе на светот и остатокот од човештвото достигна рекордни размери. Најбогатите луѓе имаат двојно повеќе богатство од преостанатите 90%. Ова е наведено во извештајот кој е објавен во пресрет на Светскиот економски форум во Давос.

Овој форум е наречен „Време за грижа“, а се фокусира воглавно на ниските платени работни места, особено оние кои ги работат жените и младите девојки. Во извештајот е наведено дека 22 светски богаташи, денес имаат поголемо богатство од сите жени во Африка.

Оxfam наведува денес дека постојат 2.153 милијардери во светот, а нивното богатство е еднакво на богатството на 62% од светската популација или 4,6 милијарди луѓе, пренесува „Раша тудеј“.

Јазот меѓу богатите и сиромашните сеуште се зголемува ако се спореди комбинираниот приход на најбогатите со имотот на 6,9 милијарди луѓе. Според извештајот, еден процент од најбогатите има двојно поголемо богатство од речиси 90% од светската популација.

Од добротворната организација Oxfam, која тврди дека зголемувањето на данокот можеби е еден од начините на решавање на нееднаковста меѓу богатите и сиромашните, велат дека оданочувањето на најбогатите луѓе на светот, со дополнителни 0,5% во следната деценија, би можела да им осигура на владите доволно средства за создавање на 116 милиони работни места во здравството, образованието и другите сектори.

Иако Oхfam досега никого нема именувано во својот извештај, сите очи се насочени кон најбогатите луѓе на светот, директорот на „Амазон“ Џеф Безос и директорот на францускиот гигант LVHM Бернард Арно. Богатството на Безос се проценува на 115,2 милијарди американски долари, додека нето имотот на Арно, 107,6 милијарди долари.

 

 

Scroll to Top