Сите мислат дека овие точки се акни: Вистината е поинаква

Сите знаеме за предупредувањата на експертите дека по ниедна цена не треба да се цедат било какви израстоци на лицето. Сепак, повеќето од нас тоа го занемаруваат и кога ќе се најдеме пред огледало, прстите сами тргнуваат кон акните.

Херпесите на пример се пренесуваат преку допир, па со самото тоа што го допирате можете да гопренесете на друго место. Затоа третирајте го само со соодветен лек препорачан од доктор.

Ситните бели точки на лицето многумина ги мешаат со акни, но станува збор за резултат од кератин заробен под кожа. Причина за нивно настанување може да биде преголема работа на потните жлезди, но и опекотини од сонце.

Со нивно цедење нема да постигнете ништо освен што ќе ја оштетите кожата, бидејќи не се борите со нечистотија, туку со заробени келии кожа. Ако ви пречат, закажете термин кај дерматолог и стручно отстранете ги.

Scroll to Top