Осум кандидати влегоа во трката за претседател на Русија на изборите кои ќе се одржат на 18 март оваа година. Актуелниот лидер на Русија, Владимир Путин, според сите анкети е апсолутен фаворит, доколку изборите се одржат овој момент, и би ја имал поддршката од 60 проценти од граѓаните во Русија.
Единствениот кој би можел барем малку да го загрози е лидерот на опозицијата Алексеј Навлјни, но тој претходно беше уапсен и забрането му е да се кандидира.
Ова се противкандидатите на Владимир Путин:
Павел Грудинин
Надежта на Комунистичката партија на Русија и човекот кого Русите го знаат под надимакот „јагода кандидат“.
Грудинин (57) од 1995 година е на чело на најголемата фабрика за производство на јагоди, кои се наоѓаат во јужниот дел на Москва.
Само во периодот од 2014 година до 2015 година, компанијата од продажбата на овошје собрала околу 38 милиони евра. Грудинин се потпира на поддршката на Русите кои жалат за Советскиот Сојуз како и фармерите.
Така во пријавата на кандидатурата, утврдено е дека Павел Грудинин има сметки и во странски банки, нешто што е забрането па му е наредено да ги затвори. Го нарекуваат и „црвениот капиталист“.
Владимир Жирновски
Ветеран е во руската политика и личност која и досега во доста наврати покажа сериозни политички амбиции.
Жириновски стана познат на Русите и пред, Владимир Путин стане познат. Има диплома на правник и катедра за турски јазик, а бил и воен офицер во Советскиот Сојуз.
На изборите во 1991 година, завршил на третото место. Неговиот стил е мачистички, анти-западњачки, а говорот му е многу агресивен и секогаш е насочен против нешто и некој.
Се залага за проширување на руската империја до тој степен што сакал нејзините војници да ги мијат чизмите на бреговите на Индискиот океан.
Ксенија Собчак
Телевизиската ѕвезда, ќерката на Анатолија Сончак, поранешната градоначалничка на Санкт Петербург и ментор на Владимир Путин. Себе си се издвојува од останатите кандидати залагајќи се за демократска Русија со констатација дека сака „еволуција, а не револуција“.
Учествувала во демонстрациите во 2012 година, против Владимир Путин, и тврди дека Крим и понатаму му припаѓа на Украина барајќи нов референдум за тоа подрачје.
Нарекувајќи ја „руската Парис Хилтон“, поради едно ријалити шоу, беше снимена во када во купатило, опкружена со балончиња од сапуница.
Григориј Јавлински
Еден од основачите на либерализација на руската пост-советска економија кај Михаил Горбачов.
Бил противник на криминалната приватизација која им овозможила појава на тајкуните и олигарсите. Како еден од столбовите на Јаболко партијата, ниту еднаш досега не успеал да забележи добри резултати во моментите на избор за Дума.
Се противи на руската анексија Крим и бара мирно решавање на проблемот со Украина со поддршка на Западот.
Борис Титов
Либерал наклонет со цврсти врски со Кина. Од 2012 година тесно соработувал со Путин, а сега е кандидат на Партијата за развој. Титов од 2006 година до 2012 година, е директор на Абрау-Дјурсо винаријата кај Црното море, покрај која никнаа луксузни богатства.
Неговата главна цел е да, ако стане претседател да доведе странски инвеститори да влезат во Русија.
Сергеј Бабурн
Кандидатот на Партијата на сите народи на Русија. Избран е во 1993 година за Дума, но во 2016 година успеал да влезе во парламентот како кандидат на Комунистичката партија.
Бабурин во 1991 година бил противник на исчезнувањето на Советскиот Сојуз. Јавно ја поддржал анексијата на Крим со констатација дека „Русија само си го враќа тоа што е нејзино“.
Она по што се разликува од Путин, е тоа што тврди дека Русија загризала во криминалот и корупцијата и дека неолибералната мафија мора да и се застане на патот.
Максим Сурјакин
„Другарот Максим“, како што Русите го нарекуваат, е кандидат на Комунистите на Русија, партија која во 2012 година се одвоила од матичната Комунистичка партија.
Себе си се нарекува ленинст и сталинист, и целта му е, ако победи, да го уништи капитализмот и повторно да ги обедини поранешните држави од Советскиот Сојуз.
Уште еден од кандидатите кој во случај на победа би работел на рушење на царството на руските олигарси.